еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 52-годишна возраст почина Исуф Кадриу, заменик главен уредник на Алсат

На 52-годишна возраст почина новинарот Исуф Кадриу, заменик главен уредник на Алсат-М, пренесе телевизијата.

Тој починал од срцев удар во Шенѓин, Албанија, каде што бил на одмор со семејството.

Кадриу е татко на три деца, а од 2008 година беше заменик главен одговорен уредник на Алсат-М.

Средното образование завршил во гимназијата во Гњилане, а на новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана.

Новинарската кариера на Кадриу започна во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 година работеше во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија, каде работеше како уредник на вести до 2008 година.

Тој е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известуваше за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.

Редакцијата на еМагазин изразува сочуство на неговата фамилија. Вечна му слава!

Фото: Фејсбук/Кадриу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравство треба да плати 430 илјади евра на германска болница, открива Државна ревизија

Редакција

(Фото) Мобилната болница до Инфективната клиника е готова, еве како изгледа

Редакција

Приватниците во Скопје ќе возат според возниот ред, долгот ќе им се исплаќа согласно договореното, велат од ЈСП

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница