еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Струјата ќе поскапи за 0,4% за 88% од домаќинствата

Струјата од 1. јули ќе поскапи за 0,4% за 88% од домаќинствата, со што нема да биде предизвикан ценовен шок, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски.

За осум проценти од граѓаните кои имаат потрошувачка во трет блок – струјата ќе поскапи за 0,48%, за четири проценти од семејствата коишто се во четвртиот блок – трошоците за струја ќе се зголемат за 0,57%.

„Во првиот блок нема промена, во вториот блок има зголемување од 0,85%, во третиот – 1,92%, во четвртиот – 1,88% и евтината струја ќе се зголеми 0,65 проценти“, рече Бислимоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕВН Хоме ја прифати понудата на ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85% од потребите, за останатите 15% добила високи цени

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога се појавуваат првите симптоми дека сте позитивни на Ковид-19

Редакција

Уште две лица починаа од корона вирусот во Грција

Редакција

Предметот историја е фундамент на нашиот образовен систем, велат од Институтот за национална историја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница