еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Огнен Здравковски има нов бенд и песна во најава

Добра свирка нема без добар бенд, токму затоа Огнен Здравковски веќе никаде нема да е сам – од неодамна друштво му прават момците кои на јавноста ѝ се претставуваат како ОЗ бенд.

Во составот кој ќе го придружува Оги на сцената се Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара, и Гоги Мицевски, тапани.

И тоа не е сѐ, за јавноста да види и чуе како изгледаат и звучат дечките спакуваа одлично видео со кавери за омилените песни на Огнен.

„„Моја драга“, „Остала си увијек иста“, „Од милијун жена“, „Доѓи“, „Остани“ се песни кои ми се многу драги и секоја на свој начин обележува еден дел од мојата кариера и настапите затоа сакав да ги отпеам и да им дадам свој печат“, вели Оги, додавајќи дека приказната наречена ОЗ бенд допрва почнува да се раскажува.

„Во периодот кој ќе следува на публиката ќе ѝ ја претставам мојата авторска музика. Дел од проектите се веќе завршени, дел се во изработка и веќе нема назад – дојде време за убава македонска забавна музика“, вели Оги.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починати 15 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Редакција

Црвен Крст отвори број за донации за семејствата на настраданите во пожарот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница