еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Carrefour се враќа во Македонија?

Грчката компанија Retail & More AE, дел од AVE групата планира експанзија и аквизиции (преземања) на Балканот објави српскиот портал retailserbia.com.

Компанијата неодамна склучила договор со Carrefour групата и ја добила франшизата за Србија, Македонија, Албанија и Косово.

Лани Retail & More AE ја добила и франшизата за Бугарија, во која неодамна го отворила и првиот супермаркет.

Според порталот, неофицијално, грчката компанија планира преземања на мали и средни маркети на Балканот, а планира и да ја зајакне својата позиција и во Грција.

Во 2016 година во скопскиот трговски центар Сити Мол беше затворен единствениот маркет на Carrefour во Македонија. Носител на франшизата беше ЦМБ Балканс Скопје ДООЕЛ, а сопственик грчката компанија Маринопулос, која ги купи Carrefour маркетите во Грција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврта жртва на автобуската несреќа кај Лесковац: Почина жената која беше приклучена на апарти за дишење

Редакција

Мислење од правниот тим на Еуромакс Ресоурцес

Редакција

Пораст на индустриското производство од 4.5 отсто

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница