еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пораснаа цените на бензините и дизелот

Од вечерва на поноќ малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 1 ден/лит, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 ден/кг.

Со новата одлука, цената на бензинот Еуросупер БС – 95 ќе биде 84 денари за литар, на Еуросупер БС – 98, 86 денари за литар, на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V), 77 денари за литар, на маслото за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), 75,50 денари за литар и на мазутот М-1 НС, 48,634 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

Редакција

Македонија со Грција договара испорака на еден милион тони јаглен и 250.000 тони мазут

Редакција

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги купува два автомобили за 34.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница