Познатите се и кандидатите за заменици министри од уште три партии од владејачката коалиција “Вреди“.
Беса го предлага Седат Сулејмани за заменик-министер во Министерството за култура и туризам.
Алтернатива за заменик-министер во новото Министерство за спорт ја предложи поранешната пратеничка Сафие Садики Шаини, а за заменик-министер во Министерството за образование и наука, проф.д-р. Љуљзим Аљиу.
Демократското движење на Изет Меџити има двајца заменици министри и тоа во Министерството за внатрешни работи е предложен Муамет Амети и за транспорт и врски – Каљтрина Зеколи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АА на Таравари ги соопшти кандидатите за заменици министри
Од ЗНАМ ги соопштија кандидатите за заменици министри