еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По брат му, во Македонија екстрадиран и Агим Красниќи

По брат му Бесим Красниќи, во Македонија од Косово е екстрадиран и Агим Красниќи.

Заедно со него во земјава е екстрадиран и Сехат Рамадан.

Како што потврдија за телевизијата Телма од Министерството за внатрешни работи, тие се екстрадирани завчера и се сместени во затворот во Штип, каде треба да си ги доиздржат казните за кои беа осудени, откако избегаа од таму во 2020 година, односно не се вратија во затворот по слободен викенд.

И двајцата треба да одлежат уште три од вкупно 15 години затвор колку што добија во 2008 година.

Беа осудени за повеќе кривични дела, поврзани со киднапирање, насилство, изнуди и нелегално оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Бесим Красниќи кој е екстрадиран од Косово во Македонија

Во Косово уапсени Красниќи и Точи кои беа барани со потерница од МВР

Агим Красниќи кој е во бегство 4 години уапсен во Косово

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште

Редакција

Цената на дизелот се зголемува за три денари, а на бензинот останува иста

Редакција

(Мапа) Кавадарци останува на врвот по бројот на заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница