еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осомничениот за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново е во бегство

Поради основано сомнение за кривично дело – Убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен жител на Арачиново за обидот за убиство на градоначалникот на Општина Арачиново, информираат од таму.

„Тој е осомничен дека на 1. април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на таа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица.

Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во неговата непосредна близина.

Со оглед на тоа што осомничениот од извршување на делото е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор која доколку биде определена ќе започне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Воедно, до Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице,“ се вели во соопштението на Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за 36-годишниот М.А., кој пукаше во градоначникот на Арачиново

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми е купувачот кој плати 572.000 евра за 2.753 акции од „Скопски пазар“

Редакција

Обвинителството по првиот круг оформи предмети за поткуп, агитација, закани со бомба, пукање…

Редакција

Седум нови случаи со Ковид-19 во Дебар, 48 за една недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница