еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шест години затвор за Гордана Јанкулоска за „Тенк“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ С600 за кој Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение познато како „Тенк“.

Пресудата денеска напладне во Кривичниот суд ја изрече претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваше Јанкулоска, само нејзините адвокати и претставници на СЈО.

Судење за Јанкулоска, кое пред неколку месеци беше издвоено поради нејзината бременост, започна кон крајот на август годинава откако таа се породи.

Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.

Двајцата се жалеа до Апелацискиот суд за висината на казните. Апелација во петокот соопшти дека жалбата на Груевски е отфрлена и му ја потврди затворската казна од две години. На Поповски, пак, пресудата му е преиначена на четири ипол години затвор.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанкулоска/МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска има забрана за напуштање на живеалиштето и престојувалиштето до извршување на казната

Наместо притвор, Фатиме Фетаи побара мерка претпазливост за Јанкулоска

Твитерџиите за судската пресуда за Јанкулоска: Вака како што сме тргнале, сите ќе завршиме во затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово се уште без одговор дали ќе го екстрадира Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор за „Монструм“

Редакција

Безбедносните структури утрово упаднале во кампот пред Собранието и направиле претрес, велат од Левица

Редакција

Нови рочишта за „Тотал“, „Топлик“ и „Тарифа“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница