еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

После шест години повторно се бара екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ, осудени за „Монструм“

Министерот за правда Игор Филков соопшти дека ги потпишал барањата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата доживотно осудени за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се чека одговор од нивна страна.

„Последен пат, екстрадиција била побарана во 2018 година. На ова и претходеле барања до Република Косово за овие екстрадиции во повеќе наврати, но сите биле одбиени.

На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.

Во постапките, се што е побарано од косовските власти веќе е доставено. После шест години повторно се бара нивна екстрадиција,“ се вели во соопштението на Министерство за правда.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18-годишната девојка која почина од Ковид-19, била мајка на 6-месечно бебе

Редакција

Кој е Назим Буши, старо-новиот заменик министер за внатрешни работи

Редакција

(Галерија) Симон Трпчески и пријателите со историска изведба во струшкото село Збажди: Македонисимо си дојде дома, по пет години промоција низ светот

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница