Во јули се пријавени пет случаи на ХИВ и два случаи на СИДА, стои во билтенот на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања.
Шест се лица од машки, а едно е од женски пол.
По две лице припаѓаат на возрасната група од 20-29, 30-39 и 40-49 години, а едно лице припаѓа на возрасната група од 50-59 години.
Заклучно со 31.07.2024 година, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2024 година, изнесува 674, и тоа 128 лица починале, а 546 лица живеат со ХИВ/СИДА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лани регистрирани 50 случаи на ХИВ/СИДА, просечната возраст е 35 години, повеќето се мажи
Во Македонија над 500 лица живеат со ХИВ, како се пренесува?