еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре до петок пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните и вечерните часови

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека под влијание на циклонска активност од исток следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Особено поинтензивни процесите ќе бидат в четврток и в петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во Скопје од утре до петок ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Најмногу за датум за нас се „бореa“ Грција, Австрија, Словенија…

Редакција

Како работел Мермерен комбинат во првиот квартал

Редакција

Османи денеска треба да се појави во суд за тужба за клевата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница