еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гаши не чувствува одговорност за инцидентот со косовската претседателка на скопскиот аеродром

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши не чувствува одговорност за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, за кој шефот на неговото обезбедување, кој му го одредува Министерството за внатрешни работи (МВР), заработи кривична пријава и е отстранет од работното место.

Гаши на денешниот брифинг со новинарите кажа дека таа побарала помош од него, по што дал инструкции дека ќе оди на аеродром за да ја смири ситуацијата, а како претходница биле упатени лицата од неговото обезбедување.

Откако му се јавиле дека ситуацијата е надмината, Гаши решил да не оди на аеродромот.

„Од морален аспект, јас лично и обезбедувањето во Собранието на аеродромот избегнавме инцидент којшто можеше да има поголеми последици. Се радувам дека се заврши како што треба. За луѓето што ги пречекориле своите овластувања МВР ќе постапи како што е законот.

Секогаш кога ќе треба да се зближува, да се смирува ситуацијата, ќе настапувам за доброто на граѓаните, да нема конфликти, инциденти и поголеми последици“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши потврди дека „свадбарите“ ја поминале границата со Косово без проверка

Интерпелацијата за Гаши на 3. септември

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Конфекцијата „Кули“ од Прилеп нуди бесплатна изработка на медицински маски за заштита

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Единаесет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, заболена и една наставничка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница