Градоначалникот на Аеродром Златко Марин, кадар на СДСМ дозволи да се користат методи на ВМРО-ДПМНЕ за „безболна“ сеча на зеленилото кај Мајчин дом во доцните вечерни часови за да се избегнат реакциите и негодувањето на граѓаните, реагираат жителите на скопската општина.
„После полноќ сечите, вие што устите ви окапаја од врескање “фашисти” додека Грујо го праеше ова? Вака Вие ја слушате и исполнувате волјата на народот? Или се криете зад некакво “исполнување на граѓанската волја” само кога треба да реализирате теснопартиски дилови и да одработите за интересите на вашите финансиери?!“, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.
Тие негодуваат бидејќи во време не претходната власт, активисти кои сега седат во фотељи во оптшините и во централната власт протестираат против ваквиот начин на сечење на зеленилото и неконтролираната изградба.
За денеска е закажан протест против изградбата на нова висококатница во Аеродром.
Фото/Видео:Фејсбук/Сакаме Аеродром да дише
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Граѓаните на протест против изградбата на висококатница во Аеродром
Почна изградбата на висококатницата кај Мајчин дом: Аеродромци бараат оставка од градоначалникот