еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни пет пожари во Македонија, под контрола еден

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека вчера имало вкупно 39 пожари на отворен простор.

Од нив, сѐ уште активни се пет пожари, а под контрола е еден.

Гори мешана шума на планината Мукос, кај селото Степанци и место викано „Кациица“, на граница меѓу општините Долнени и Чашка.

Се уште гори и ниска вегетација и нискостеблеста шума во Општина Студеничани, над селото Црвена Вода, кај место викано „Крста“.

Ниска вегетација гори и меѓу селата Горно Количани и Љубош во Општина Студеничани.

Нискостеблеста шума и сува трева горат меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали на територијата на Општина Штип.

Активен пожар има и во општина Лозово, кај селата Дурфулија и Каратманово, каде гори борова шума.

Под контрола е пожарот на планината Галичица, на територија на општините Охрид и Ресен.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „Бехтел и Енка“ му е исплатен аванс за подготвителните работи за коридорите 8 и 10д

Редакција

Армијата се вклучува во надзор на границите, во контрола на патните правци и во обезбедувањето витални објекти

Редакција

BtoBet со нова технологија за спортско обложување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница