еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова тура кадровски решенија, функција и за Ивица Боцевски

Владата на седница донесе неколку нови кадровски решенија, а функција доби и поранешниот амбасадор Ивица Боцевски

Тој е именуван за специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Јетон Сума пак е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем.

Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Ерол Абдиу е именуван за вршител на должноста заменик-директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик-директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Кашмир Салиу е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Фикрет Шабани е именуван за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик-директор на КПД Затвор Скопје.

Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студии: Излекуваните од Ковид-19 развиваат имунитет

Редакција

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Редакција

(ВИДЕО) Хаос и судири во Венецуела, загинаа најмалку четири лица, стотици повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница