еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поддржано од ЕКО Грција дел од HELLENiQ ENEREGY: Стартува ЕКО Рели Акрополис – „Рели на Боговите“

Светската автомобилска елита ќе биде дел од релито ЕКО Акрополис што ќе се одржи во Централна Грција од 5 до 8. септември. Четврта година по ред, релито ЕКО Акрополис е дел од годишниот календар на Светскиот рели шампионат на ФИА (WRC), кој е највисоко меѓународно натпреварување од ваков вид.

Генерален и именуван спонзор на овој историски митинг е ЕКО Грција, подружница на HELLENiQ ENERGY Group, на која и припаѓа ОКТА АД – Скопје.

ЕКО има долгогодишна соработка со Рели Акрополис која трае повеќе од 10 години. Оваа година, ЕКО ќе биде и голем спонзор на ЕКО Супер специјалната сцена, која ќе се одржи на сервисната станица на автопатот „Сириос“, Атина, на 7. септември, по официјалното отворање на настанот.

Во четврток, 5. септември, седумдесет и два екипажи ќе излезат на рампата во Ламија, Грција. Во следните три дена тие ќе се натпреваруваат во 15 специјални етапи, кои ќе поминат вкупно растојание од 305 километри. Учесници од 31 земја ќе бидат во Грција за да се борат за овогодинешните титули.

Релито Акрополис, познато и како „Рели на боговите“, е меѓународно реномиран натпревар со историја од 1951 година, што го прави еден од најдолгите и најпрестижните рели натпревари во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани 124 лица загинале во сообраќајки, 3.834 биле повредени

Редакција

Ноќно скијање на Попова Шапка денеска од 18 часот

Редакција

Руски воен авион се судри со американски дрон над Црното Море

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница