еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тошковски: Системот на камери за снимање на сообраќајни прекршоци низ Скопје ќе биде пуштен за да спасува животи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во емисијата „За или против” на телевизијата Алфа на прашањето до каде е системот на камери за снимање на сообраќајни прекршоци низ Скопје, рече дека и покрај произлегувањето на нови аспекти кои мора да се дефинираат пред да биде пуштен, системот мора да биде пуштен, бидејќи буквално ќе спасува животи.

„Ако при тест периодот утврдивме дека со 15% активни камери за период од 24 часа имаме илјадници констатирани прекршоци за недозволена брзина, замислете колку ќе имаме со 100% имплементирани камери и кој ќе ги процесуира овие постапки.

Но, работиме деноноќно на решавање на овие аспекти и мораме да го имплементираме, бидејќи ако се погледнат бројките… еве 2017 година сме имале 149 жртви, 2018 – 129 жртви, 2019 – 126…Ние годишно губиме повеќе од 120 граѓани, најчесто млади луѓе.

Мораме да го имплементираме овој систем во делот на сообраќајните прекршоци за да спасиме животи. Овие бројки нема да бидат вакви кога граѓаните ќе знаат дека секој еден престап ќе биде снимен и соодветно казнет. На овој проект сум посветен лично и мораме да го имплементираме како што треба, да спасиме човечки животи,“ изјави Тошковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Готова е втората сезона на „Фамилијата Марковски“, првите две епизоди премиерно на Сараевскиот филмски фестивал

Редакција

Собранието ги донесе законите за данокот на солидарност, за додадена вредност и за данок на добивка

Редакција

Уставен времено ги „замрзна“ покачените плати за дел од вработените во Министерството за финансии

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница