еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ванчо Ѓорѓиев е нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија, назначени и нови членови

Ванчо Ѓорѓиев е избран за нов претседател на заедничката Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија, на местото на досегашниот Драги Ѓоргиев, кој повеќе не е дел од ова тело.

Ѓорѓиев, кој е професор на Факултетот за историја порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година, тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење.

Во новиот состав на комисијата е и историчарот Александар Литовски, кој беше член на историската Комисија во периодот 2018 до 2020 година. Вработен е во Институтот за национална историја и ја истражува новата историја.

Други членови на Комисијата се: Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја, Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет, Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет, Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и Димитар Љоровски, историчар, вработен во Институтот за национална историја.

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Софија се обидува вештачки да прикаже Бугари во Голо Брдо, регираат од Македонска алијанса за европска интеграција

Редакција

ЕОС Матрикс со успешна 2024 година и нова иновација – апликацијата „My EOS“  

Редакција

Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница