еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) „Алкалоид“ успешно го реализираше настанот „Развој на лидерство“

На првиот успешно реализиран настан на „Алкалоид“, „Развој на лидерството“, менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки, информираат од таму.

По воведното обраќање на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на настанот беа еминентни светски експерти од областа: Хари Крамер, поранешен извршен директор на „Бакстер интернешанал“, автор, професор и извршен партнер во „Келог школа за менаџмент“, и Оливие Сибони, поранешен сениор партнер во „МекКинси & компани“, француски консултант, академик и автор, професор на „ХЕК Париз“.

„Лидерството денес не подразбира само привлекување на квалитетен кадар туку и негово задржување во компанијата, преку мотивирање и насочување во вистинска насока, бидејќи секој производ, секој бренд, секој потфат на Алкалоид е воден од луѓето пред се. Добрите лидери секогаш инспирираат и оттаму создаваат нови лидери,“ истакна Мукаетов.

Наменет за менаџерскиот тим на „Алкалоид“ во земјава и во ентитетите во странство, овој настан е уште еден доказ за целосната посветеност на компанијата за јакнење на лидерските способности и за инвестирање во професионалниот раст и развој на својот менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Албанија се фали со бетонизирање на Охридското Езеро

Редакција

Се жалеле на правото на етничко самоопределување: Претставници на бугарските клубови од Македонија, сослушани во бугарска собраниска комисија

Редакција

Учениците од оваа година ќе може да се запишуваат електронски во средните училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница