еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Растот на домашната економија изнесува 2,3% на годишна основа, велат од Народна банка

Економскиот раст во вториот квартал на 2024 година забрза и е речиси идентичен со проекциите на Народната банка, информираат оттаму.

„Реалниот раст на домашната економија изнесува 2,3% на годишна основа (1,2% во претходниот квартал), при натамошен раст и на квартална основа. Така во првата половина од годината е остварен раст од 1,8%, што е блиску до нашата проекција од 1,9%.

Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јули покажуваат реален годишен раст на прометот во вкупната трговија и на индустриското производство, наспроти нивниот пад во претходниот квартал.

Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти,“ се додава во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредно обраќање на Иванов: Не се разговарало за воена состојба, прашање е кој сакал да го злоупотреби Кабинетот на претседателот

Редакција

Руски морски мини невреме ги однесе накај Бугарија

Редакција

Села: Собраниската седница може да продолжи во секој момент ако се обезбедат услови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница