еМагазин
Image default
Бизнис

Сојузот на стопански комори бара полесен пристап до финансии за компаниите

Банкарскиот сектор да покаже поголем слух за полесно обезбедување финансиски средства за компаниите, бара Сојузот на стопански комори.

Сојузот ја поздравува поддршката од 100 милиони евра за стопанството преку Македонската банка за поддршка на развојот и смета дека тоа е добар чекор зашто ќе значи дополнителен импулс за придвижување на инвестицискиот циклус во Македонија, но неопходно е, сугерира, државата да стори што е можно повеќе за поквалитетен настап на странските пазари.

– За квалитетен извоз не се потребни само финансии, туку и квалитетен кадар. Соработката со универзитетите и компаниите треба да се издигне на повисоко ниво. Не е тајна дека засега е на релативно ниско ниво кое едвај функционира. Уште еден битен елемент е изградба на индустриски зони. За инвестирање во нова опрема и нови машини, потребни се простори за тоа да се направи, истакна денеска на прес-конференција Трајан Ангелоски од Индустриска комора во ССК.

Тој смета дека македонската економија не треба да се потпира само на земјоделството и градежништвото.

– Индустријата да го заземе своето место зашто секогаш дава повисоки стапка на раст и во континуитет е далеку потпорна на какви било надворешни влијанија, рече Ангелоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку моделот “се или ништо“ на продажба акции на Еуростандард банка во Гранит, Макпетрол, Реплек…

Редакција

Инвестиција од 270 милиони евра: Француски „Акуо Енерџи“ ќе гради соларен парк за 94.000 домаќинства кај Штип

Редакција

Ангеловска: За најмалку 70 отсто се намалуваат ратите за кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница