еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во нападот на Иран врз Израел нема повредени македонски државјани

Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) го осуди синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.

Амбасадата во Тел Авив веќе стапила во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на Македонија.

„Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.

Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани,“ велат од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неделава температури над 40 степени, ќе се активира портокалово и црвено ниво на опасност

Редакција

„Бомби“ на судењето за „Титаник“: Јанакиески проверува кој гласал, Јанкулоска му се жали дека Албанците победиле секаде каде што имало мешано население

Редакција

Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени, велат од Платформа за родова еднаквост

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница