еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Бебето кое почина од респираторна инфекција било одбиено за хоспитализација на Детска клиника, потврди Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека бебето кое вчера почина на Клиника за детски болести, најпрво било вратено дома и било одбиено за хоспитализација. Тој остава на органите да испитаат што се случило и ако има вина, некој да сноси одговорност.

„Вратено било за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште од денес да судам како било. Дозволете соодветните органи во државата да испитаат се во детали.

На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“, изјави Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе почина на Детска клиника, таткото кршел инвентар

Бебето било со тешка респираторна инфекција, велат од Министерство за здравство кои ќе формираат комисија за испитување на причините за смртта

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца повредени во автобуската несреќа ќе бидат отпуштени попладне од софиската болница

Редакција

Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Македонија, велат од Општина Тетово

Редакција

„Делукс-ауто“ го доби тендерот на Агенцијата за странски инвестиции за набавка на автомобили

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница