еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Терористички напад во БиХ: 15-годишно момче уби полицаец

Момче на возраст од 15 години доцна синоќа извршил терористички напад на полициската станица во Босанска Крупа, Босна и Херцеговина.

Убиен е полицаецот Огњен Маран од Босански Нови, а ранет е Авдо Хасановиќ, полицаец од Босанска Крупа, пренесуваат босанските медиуми.

Момчето влеголо во полициската станица и прво со нож го нападнал Маран, кој веднаш им подлегнал на повредите, а потоа Хасановиќ, кој се здобил со повреди и е пренесен во кантонската болница „Д-р Ирфан Љубљанкиќ“, каде е во стабилна состојба.

Порталот Кликс објави дека пред нападот на полициската станица, момчето испраќало чудни пораки до познаници, збогувајќи се со нив. Оние кои го познавале велат дека бил склон кон верски екстремизам.

Видео: БХРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една независна држава, тогаш навистина не знам што е, вели Мицкоси за реакцијата на бугарското МНР

Редакција

СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори

Редакција

(Фото+Видео) Три фирми за медицински канабис останаа без лиценци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница