еМагазин
Image default
Македонија

Милошоски по гласањето во собраниската комисија: Се покажа дека нема двотретинско мнозинство

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по гласањето на собраниската Комисија за уставни прашања да се почне со уставни измени, вели дека владејачката коалиција нема двотретинско мнозинство.

„Собрание: со гласањето во Комисијата за уставни прашања, после пропаднатиот референдум,
ЗА 10:7 ПРОТИВ се покажа дека владејачката коалиција нема 2/3 мнозинство, додека опозиционите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија и ДПСМ имаат усогласен став за неменување на Уставот на Република Македонија“, напиша Милошоски на неговиот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук-профил/Антонијо Милошоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собраниската комисија изгласа да се почне со уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 281 случаи на Ковид-19 од 2.275 тестови, 48 се реинфекции

Редакција

1,7 милион граѓани извадиле пасош со новото име

Редакција

41 нов случај на Ковид-19 од 1.024 тестови, 10 се реинфекции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница