еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка за годинава прогнозира економски раст од 2,3% и инфлација од 3,5%

Народна банка (НБ) за годинава прогнозира раст на македонската економија од 2,3 отсто и инфлација од 3,5 отсто.

За следната година НБ очекува раст на економијата од 3,3 отсто и инфлацијата од 2,5 отсто.

Проекциите на НБ се во надолна линија во однос на априлските, што според гувернерката Анита Ангеловска Бежоска е резултат на растот во првата половина на годината и послабата странска побарувачка.

На растот според НБ негативно влијае состојбите со извозот, а позитивно инвестициите и растот на потрошувачката.

Извозот се предвидува да расте со стапка од 2,8 отсто, а увозот со стапка од 3,9 отсто.

Според проекциите на НБ во периодот од 2026 до 2027 година се очекува стабилизација на економијата и нивото на инфлацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на мазут и на нафта за домаќинство, велат од “Шанса за Центар“

Редакција

Тетекс ќе дели дивиденда од 141,176 денари бруто по акција

Редакција

(Фото) Се преврте автобус со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“, петмина полесно повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница