еМагазин
Image default
Македонија

Груевски се огласи на Фејсбук за истрагата на СЈО, „Поштенска банка“

За новата истрага на Специјалното јавно обвинителство, Поштенска банка“, на својот Фејсбук профил, се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски:

“Денес повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал.

СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет.

Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага „Поштенска банка“: Георгиевски и Груевски поради застареност на делото нема да бидат гонети од СЈО

Сите детали: „Поштенска банка“ нова истрага на СЈО, кој е осомничен?

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЗ: Македонскиот државјанин заразен со корона вирусот е во добра и стабилна состојба

Редакција

Владата го усвои предлог-законот за учебници: Ќе се подобруваат дигиталните вештини

Редакција

Шест скопски општини со по над илјада активни случаи на Ковид-19, Гази Баба прва

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница