еМагазин
Image default
Спорт

МОК и Меѓународниот комитет на Медитеранските игри во заедничка акција

Скопје денеска е домаќин на настан посветен на Медитеранските игри на плажа, на кој се присутни 26. национални олимписки комитети, осум меѓународни спортски федерации, како и Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ).

На овој значаен настан за олимписките спортови, генералниот секретар на МКМИ, Јаковос Филипусис, му го додели највисокото признание „Трофеј на Медитеранските игри“ на претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, за успешниот долгогодишен развој на медитеранското спортско движење.

Посебни награди МКМИ им додели и на нашите поранешни спортисти, Владимир Богоевски и Мирко Димчевски, како освојувачи на медали на Медитеранските игри.

Организаторите имаа посебен осврт и анализа на Медитеранските игри на плажа Хераклион 2023, а ги претставија и плановите за идните Медитерански игри Таранто 2026, како и следните игри на плажа кои ќе се одржат во Портимао и Лагоа во Португалија во 2027 година.

Како завршница на настанот следеа заеднички заклучоци на националните олимписки комитети и меѓународните спортски федерации за идниот долгорочен развој на Медитеранските игри и Медитеранското спортско движење.

МОК му додели посебно признание на генералниот секретар на МКМИ, Јаковос Филипусис, за неговиот придонес и развој на медитеранскиот спорт, како и за развојот на врвниот спорт во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Учество на универзитетска карате репрезентација на Европските универзитетските игри на боречки спортови во Загреб

Редакција

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 7 август во 2021 година

Редакција

Даниел Димевски доби огромна доверба од делегатите да го предводи МОК и во следните четири години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница