еМагазин
Image default
Македонија

Ципрас: Ако нашите соседи го отфрлат договорот од Преспа ќе нема друга алтернатива за влез во ЕУ и НАТО

Нема алтернативни решенија за членство на соседната земја во НАТО и ЕУ, Договорот од Преспа е единствената и незаменлива можност за двата народи, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи пред членовите на Централниот комитет на СИРИЗА.

– Сакам да истакнам дека овој Договор што го имаме пред нас е единствена и незаменлива можност за двата народи, но и за стабилност на Балканот. Ако нашите соседи го отфрлат овој договор преку процесите кои што се целосно за почитување и предвидени од нивниот Устав, ќе треба да знаат, и морам да го кажам тоа искрено, дека нема да има алтернативни решенија за нивен влез во Европската унија или во други меѓународни организации во кои сакаат да се зачленат или веројатно во одбранбени сојузи и соработки во кои Грција учествува или ќе учествува, рече Ципрас.

Грчкиот премиер, порача дека ако нема промена на уставното име, „Грција нема да дозволи, нема да прифати влез на соседната земја во НАТО, во Европската унија или во друга меѓународна организација или во било кој друг состав на безбедносна соработка со уставно име што ќе биде Република Македонија“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас со овие ставови пред Централниот комитет на СИРИЗА, индиректно ги отфрли предлозите на неговиот коалиционен партнер во владата, Панос Каменос кој на средбите во САД, говорел за план Б за безбедносни меѓудржавни договори како алтернатива на Договорот од Преспа.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каменос има план Б, ако не успее договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од автосервис украдено товарно возило на АРМ

Редакција

Државен карантин и кривична за лицето кое го предизвика инцидентот во ГОБ „8 Септември“

Редакција

Заев за „Јуроњуз“ на грчки јазик: Неотпочнувањето преговори со ЕУ влијае на Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница