еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За исчезната Лидија Трајковска пишуваат и српските медиуми

Петти ден нема трага, ни глас од исчезната скопјанка, 43-годишната Лидија Трајковска.

Од нејзиното семејство кое побара помош од јавноста во потрагата нема нови информации, а последно што соопштија од полицијата е дека при потрагата се пронајдени неколку нејзини предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска

Таа последен пат, според семејството, била видена на автобуската станица во скопското село Јурумлери, од каде според полицијата се упатила по патот што води кон Драчево.

Полицијата заедно со нејзини роднини и граѓани деновиве вршеше и обиколки по течението на Вардар, а во потрагата се користел и дрон, со кој се надлетувал брегот на Вардар во должина од пет километри кон југ до селото Огњанци.

Пребарана е и пошироката околина и напуштените објекти во овој реон.

За нејзиното исчезнување деновиве пишуваат и српските медиуми, кои ги пренесуваат информациите кои ги објавуваат македонските медиуми.

Кога исчезнала Трајковска носела зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики.

Доколку ја видите јавете се на бројот 071 345 208 или пријавете во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На семејството на Лидија му барале пари за информација за исчезната скопјанка

Трет ден, ни трага, ни глас од исчезната Лидија Трајковска од Скопје

Исчезна 43-годишната Лидија Трајковска, семејството бара помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Против oмикрон сојот, ниту вакцините ниту прележаноста не даваат заштита од заразување, додека и двете даваат солидна заштита од смртен исход

Редакција

Груевски се јави по пресудата за „Насилство во Центар“: Нема правда во Македонија

Редакција

Дебар има повеќе заразени со Ковид-19 отколку во првиот бран

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница