Иван Камчев (31), кој пред неколку дена беше пронајден застрелан во атарот на штипското село Пиперево не се самозастрелал при лов на диви свињи, како што раскажа неговиот татко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за внатрешни работи информираше дека Камчев бил застрелан од неговиот татко, во несреќен случај, додека заедно биле во лов.
Станува збор за лицето T.K (54) од селото Дедино во Општина Конче, кој е уапсен и се товари за убиство од небрежност.
Извршен е и претрес во домот на Т.К. и се одземени предмети што се од интерес на истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млад човек пронајден мртов во штипско, имал прострелна рана