еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Платата на здравствените работници ќе се зголеми до 50% во следните четири години

Владата и синдикатите на здравствените работници постигнаа договор, во следните четири години платата на здравствените работници да им се зголеми од 40 до 50%.

„Навистина постигнавме еден договор кој што има историска димензија, покрај овие коефициенти кои што зборувавме сега што би значело зголемување за 10 проценти на паричната маса која што се издвојува за плати. Веќе следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа.

Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година.

Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата во Владата, на која присуствуваа претставниците од синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тестот за коронавирусот на Заев негативен

Редакција

Внимавајте на змии периодов, може да се појават секаде

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид-19 од 2.290 тестови, 27 се реинфекции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница