еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Синдикалната кошница во ноември 62.021 денари, поскапела за 772 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2024 година изнесува 62.021 денари, додека со изнајмен стан од 60 м² достигнува 77.396 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во споредба со октомври, вредноста на кошницата е зголемена за 772 денари.

Сојузот истакнува дека зголемувањето на цените, особено на храната и пијалаците, ја оптоварува работничката класа и го поставува прашањето за општествената одговорност на трговците. И покрај мерките на Владата за намалување на цените, трговците ги зголемиле цените по нивното истекување, што довело до зголемување на вредноста на кошницата, посочуваат од таму.

Во споредба со јануари 2024 година, кошницата за ноември е зголемена за 8,5%, а трошоците за храна и пијалаци за 7,9%.

ССМ бара од Владата поголема ригорозност во надзорот на трговските практики и казни за нефер однесување.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 127 случаи на Ковид-19 од 1.908 тестови

Редакција

Починати деветмина од Ковид-19, вкупно 8.092

Редакција

(Видео) Груевски на прошетка во трговски центар во центарот на Будимпешта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница