еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се зголемуваат за 1,00 односно 1,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 74,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 76,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,00 денари.

За 2,5 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 58,00 ден/лит.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,659 денари и еден килограм ќе се продава за 38,409 денари.

Регулаторната комисија го образложува поскапувањето на горивата со зголемување на просечната цена на суровата нафта за 4,74 отсто во изминатите две недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штедачите од Еуростандард „вперија прст“ кон Народната банка: Како не видовте дека се делат сомнителни кредити?

Редакција

Државата ја држи стабилна цената на струјата на домаќинствата, тврди Заев

Редакција

Анкета на Народна банка: Закрепнување од ковид-кризата во следните две години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница