еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

ЕВН Македонија и годинава го објави „ЛОСТ“ – отворен е конкурсот за студенти од семејства со ниски примања  

Во рамки на активностите за унапредување на различностите, правичноста и инклузијата, ЕВН Македонија повторно ја објави програмата за стипендии „ЛОСТ“, информираат од таму.

Целта на програмата е стипендирање на студенти и студентки кои имаат ниски месечни семејни приходи, а се запишани на електротехничките факултети во земјава.

На распишаниот конкурс може да аплицираат студенти и студентки кои ги исполнуваат следните услови: по прв пат да се запишани во I, II, III и IV година, во учебната 2024/2025, зимски семестар; да се од семејствa со ниски месечни семејни приходи и да не се корисници на друга стипендија или кредит.

Преку конкурсот на програмата „ЛОСТ“, ЕВН доделува по 10.000 денари месечно за секој избран стипендист и овозможува учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.

Аплицирањето е во тек, а повеќе информации студентите може да најдат на веб-страницата на ЕВН Македонија или на линкот evn.mk.

Сите заинтересирани, своите прашања и апликации може да ги испратат електронски на [email protected].

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при селекција  без оглед на расата, полот, религијата, националната припадност, вид на попреченост или политичка припадност на кадидатот и кандидатките.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитар Љоровски нов член на Заедничката комисија за историски и образовни прашања со Бугарија

Редакција

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид

Редакција

Нов претседател на Надзорниот одбор на Македонијатурист е Горан Марковски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница