еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Весна Бејби за Тоше: Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, исто е како оној вторник

Денеска навршуваат 11 години од смртта на најпознатиот македонски пејач на Балканот, Тоше Проески. Тоше остана да живее преку песните, а на почетокот на ноември ќе биде промовиран нов албум.

Една од неговите најблиски пријателки, актерката Весна Петрушевска, синоќа се огласи на Фејсбук:

„Најсакан мој Ти,

за мене оној 16 октомври е секогаш ден порано. Поминаа единаесет години од оној мрачен и маглив вторник. Таму каде беше…тука сончев и топол ден.

Се сеќавам на ладниот ветер, не знам зошто. Првата мисла кога слушнав е дека никогаш нема да те видам и да те гледам насмеан и распеан. И утре е вторник….Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, ќе се замагли споменот. Нема врска! Исто е како оној вторник.

Те чувам и те слушам. Ќе ги слушнат и новите песни…ама знам дека фантазијата е пожестока од знаењето, сонувањето за кое зборуваше е вистина, надежта која ја делеше наоколу е најголемата победа и покрај сите муабети што ги слушаше за себе, а смеата која ја слушам ден денес е најголема утеха за тагата.

Верувам дека љубовта е посилна од смртта. Твојата љубов!

Ми фалиш…онака под око да погледнеш и да гушнеш силно.

Те сакам…“

фото: Фејсбук-профил на Весна Петрушевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) 11 години без Тоше: Топ 5 песни по кои вечно ќе го паметиме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Г.г Стефан: Покајанието, преобразбата и прошката ни се пот­ребни како никогаш досега

Редакција

Доктор Беќаровски: „Ковид-сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот, тргнете ги покажете оригиналност“

Редакција

(Фото) Пендаровска направи кардиолошки преглед за да ја подигне свесноста кај жените

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница