еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

ЕВН Македонија и Електродистрибуција се приклучија кон акцијата за зелена иднина „Сончева гора 2024“

Тимови од ЕВН Македонија и Електродистрибуција заедно со голем број волонтери од други компании, здруженија и институции, го дадоа својот придонес за позелена иднина во рамки на проектот „Сончева Гора“ во организација на Man and Mountain LLC., информираат од таму.

Со заеднички сили на повеќе од 150 волонтери беа засадени последните 3.500 борчиња и аризонски чемпрес од вкупно 125.000 дрвца засадени на опожарените подрачја.

Акцијата се реализираше во близина на опсерваторијата Кокино, општина Старо Нагоричане.

Свој личен придонес во пошумувањето дадоа и првиот човек на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер.

„Оваа иницијатива совршено се усогласува со нашата цел да овозможиме подобар и поодржлив свет. Сакам да изразам благодарност до вработените во ЕВН чии што ентузијазам и посветеност кон оваа кауза се навистина инспиративни“, изјави Маиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнис-центарот „Соравиа“ во Скопје добива нови сопственици

Редакција

Нови 48 случаи со Ковид-19 од 387 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Доктор Беќаровски: Ваша одлука е дали ќе им верувате на црните мантии или на белите мантили

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница