еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР отвори предистрага за фалсификување на записниците за мандатот на Дамева

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека е отворена предистрага за фалсификување на записниците за мандатот на поранешната претседателка на Судскиот совет,  Весна Дамева, која пред неколку дена поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата врши претрес во Судски совет

Дамева пред да ја поднесе оставката имаше обид да си го продолжи мандатот како претседател на Судскиот совет во време од 8 месеци, колку што ѝ траеше прекинот во двегодишниот мандат, откако лани на незаконски начин беше сменета од функцијата, а беше вратена кога ја доби правната битка пред Управниот суд.

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, информираа дека постапувајќи по наредба на МВР, обезбедило два запсиници заради проверка на евентуално сторено кривично дело.

Се огласија и од Судскиот совет од каде велат дека вчера немало претрес во нивните простории, истакнувајќи дека постапиле по писмените барања на ОЈО Скопје.

Од Советот нагласуваат дека не е издадена наредба за претрес и дека ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи, водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка

Која е Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ГАЛЕРИЈА) Протест за ослободување на осудените за „27 април“, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка

Редакција

Огромен тумор отстранет од пациент кој поради годишни одмори немало кој да го оперира на државните клиники

Редакција

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница