еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството нема да го гони внукот на Ахмети, Дрин, за пиротехничките средства кои му беа најдени во автомобилот

Внукот на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, ќе се спаси за случајот со пиротехничките средства кои му беа најдени во автомобилот пред речиси една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети легално купил пиротехнички средства, кои се забранети за продажба кај нас

Телевизијата Алсат М објави дека Основното јавното обвинителство (ОЈО) се откажало од кривично гонење на Дрин Ахмети за овој случај.

Од Обвинителството за телевизијата велат дека според извештајот, огнометот кој бил пронајден и одземен, не бил во големи количини за да може да поведе кривично гонење и евентуална кривична одговорност, а во прилог на тоа одел и фактот што Министерството за внатрешни работи како релевантен орган за инцидентот поднел известување, а не кривична пријава до ОЈО.

Обвинителството констатирало дека има само прекршок, за што е предвидена глоба од 200 до 400 евра. Прекршокот се однесува само на немање дозвола за превоз на пиротехнички средства.

За Дрин Ахмети има уште една истрага за случајот со трговскиот центар Соравија во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“

Дрин Ахмети се повлекува: Фирмата на внукот на Ахмети, која има удел во “Соравија“ е преземена од американска компанија

Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 191 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје 85

Редакција

Министерствoто за здравство купува амбулантни возила за 30,5 милиони денари

Редакција

Со хеликоптер на МВР извлечен починатиот планинар кај Титов Врв

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница