еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

СВР Тетово ќе се обиде да го среди сообраќајниот хаос кон ски-центарот Попова Шапка

На 25.12.2024 полициски службеници од СВР Тетово одржале работен состанок со претставници од Агенцијата за државни патишта и од Одделот за сообраќајни работи при општина Тетово, со цел утврдување на решение за одржување проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка, особено за време на викендите.

„На состанокот е договорено да се засилат контролите на возилата и доколку не поседуваат зимска опрема и зимски гуми, да не им се дозволува да продолжуваат кон Попова Шапка, како и да се даде препорака да се користи јавниот превоз на патници, кој за време на викендите ќе има редовна линија со распоред Тетово – Попова Шапка и обратно.

СВР Тетово апелира до граѓаните кои патуваат кон овој зимски рекреативен центар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на несоодветни места односно да не го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ски-центарот Попова Шапка апелира автомобилите да не се паркираат на патот

Фото: Ски-центар Попова Шапка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Говор на омраза за Македонците и на реваншот помеѓу Шкупи и Левски во Софија

Редакција

(Фото) Јавните претпријатија за државни патишта се уште не ја отстраниле опасната карпа што виси над автопатот Скопје-Велес

Редакција

МВР во Скопје почна со достава на готови лични карти и дозволи по пошта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница