еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

14-годишна девојка и 17-годишно момче најмладите пациенти на Токсикологија за новогодишната ноќ

14-годишна девојка и 17-годишно момче се најмладите пациенти на Токсикологија примени за време на новогодишната ноќ, информираше директорот на Клиниката, Андон Чибишев.

„Најмладата пациентка меѓу жените има 17 години, додека најстарата е на 26 години. Кај мажите, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот е 38 години,“ изјави Чибишев.

Вкупно 22 пациенти побарале медицинска помош, 18 биле со акутни труења од алкохол. Четири од нив се жени, а 14 мажи. Меѓу пријавените случаи имало и пациент кој измешал алкохол со таблети. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување.

Според Чибишев, годинава се примени помалку пациенти споредено со претходните години.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство бара продолжување на притворот на четворица за палење на македонското и албанското знаме

Редакција

Природниот гас и метанот во јуни достапни по пониски цени, велат од „Макпетрол“

Редакција

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам: Кои се обичаите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница