еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жена починала откако паднала од надвозник на скопската обиколница, се утврдуваат причините за несреќата

Жена починала откако паднала од надвозник на скопската обиколница. Од Основното јавно обвинителство информираа дека се утврдуваат причините за несреќата.

Според првичните сознанија, починатата или се движела пеш по автопатот или паднала од надвозникот на коловозот.

„Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го фатиле со тутун без платена акциза

Редакција

Трифун Костовски ги повика Џафери, Обвинителство, Антикорупциска и МВР да се вклучат во истрагата за случајот со „Еуростандард банка“ по допрен глас

Редакција

(Видео) Во домот на скопјанец откриена „мини-плантажа“ со марихуана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница