еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доаѓа студен бран со врнежи од снег

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе бидат од снег и наместа ќе бидат пообилни.

На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нула.

Во Скопје во сабота ќе има повремени врнежи до дожд, а на околните планини од снег. Во недела ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег. Се очекува да се формира помала снежна покривка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро – „Стереолаб“

Редакција

Народна банка ја намали каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%

Редакција

Скопје и Ниш ќе се поврзуваат со воз, парите за изградбата не се обезбедени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница