еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И Чезакомерц со свои предлози за членови на НО на Македонијатурист

По Промедика, Скопски пазар АД Скопје и М.Г. Фешн, уште еден акционер со над 5% во Македонијатурист АД Скопје, Чезакомерц ДОО Скопје, кој поседува 6,23% од акциите на угостителското друштво, предложи свои кандидати за нов состав на Надзорниот одбор (НО) на Македонијатурист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загревање за нова „битка“ во Македонијатурист преку избор на нов Надзорен одбор

Од таму ги предлагаат Олга Павлова, Наумче Стојчевски, Гордана Тодорова и Горан Марковски.

Од Друштвото преку Македонската берза соопштија и детали од нивните биографии.

Павлова е менаџер за набавка во Чезакомерц, Стојчевски е менаџер за осигурување имот и транспорт во Еуролинк, Тодорава е технолог во Европа, а Марковски има богата кариера во банкарскиот и секторот на инвестициски фондови, а бил и во надзорни одбори на неколку фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување

Предлогот за избор на нов состав на НО на Македонијатурист е на најголемиот акционер, Скопски пазар, а изборот е главна точка на престојното Собрание на акционери на 17. февруари.

Во НО на Македонијатурист моментално се Доне Таневски, кој е претседател, Верица Хаџивасилева Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.

Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марјан Ѓорчев е предлогот на Скопски пазар за член на Надзорниот одбор на Македонијатурист

И Промедика предложи кандидати за НО на Македонијатурист

М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје

Редакција

Поради немање лиценца затворена дискотеката пред која се случи убиството на хрватскиот ракометар

Редакција

Кој друг освен Русковска се пријавил за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница