еМагазин
Image default
Бизнис

„Шкода“, “фолксваген“, „мерцедес“ и „форд“ омилени брендови: Колку возила поседуваат министерствата

Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, покажува базата на податоци на Центарот за граѓански комуникации.

Убедливо најмногу возила поседува МВР – 1.559, односно 70 проценти од возилата на министерствата. Следни се оддбрана со 142 возила и земјоделство со 108 возила.

И централната и локалната власт најмногу возат „шкоди“, „фолксваген“ и „форд“.

Сепак, сите пет најскапи возила се „мерцедеси“ купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра).

Просечна цена на купените патнички возила е 16.690 евра кај Владата. Просечна старост на возилата е 12,5 години. Најмлад возен парк имаат министерствата за локална самоуправа и за животна средина, во просек по 8,5 години, додека најстари возила имаат министерствата за правда и за информатичко општество, просечно по 16 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кое од министерствата потрошило најмногу пари за автомобили, „мерцедес“ не купило само МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беркан Имери и Александар Иљов именувани за извршни директори и членови на УО на Халк Банка

Редакција

Ако продолжи војната во Украина растот ќе биде уште помал: Светска банка за годинава ни предвидува раст на економијата од само 2,7%

Редакција

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница