еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дисциплинска постапка по смртта на близначињата и стручен надзор во прилепската болница, бара ДСЗИ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16. јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение во случајот со починатите новороденчиња.

„Инспекторатот ќе издаде и наредба за задолжително известување на надлежен Центар за социјални работи во случај кога интересите на пациентот односно неговиот родител/старател се спротивставени, а за што од страна на ДСЗИ ќе биде спроведена и соодветна прекршочна постапка.

Истовремено ДСЗИ врз основа на Законот за санитарна и здравствена инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над стручната работа на здравствената установа согласно Законот за здравствена заштита,“ се вели во соопштението.

Инспекторатот констатирал дека кога на 10. јануари мајката со потпис, на свое барање заминала од болницата со новороденчињата предвреме родени на 30. декември и со мала тежина, болницата не го известила Центарот за социјални работи.

„Во врска со исписот од установата, од страна на докоторите од неонатолошкото одделение добиен е податок дека мајката инсистирала на испис на новородените и покрај нивното убедување дека треба да останат во установата се нивно целосно адаптирање.

И покрај тоа новородените на барање на мајката и со нејзин потпис, испишани се од установата со препорака за доење, витамин Д3 и контрола кај педијатар поради мала тежина.

Од страна на установата, во врска со предвремениот испис на новородените, не е доставено известување до надлежниот Центар за социјални работи,“ се вели во извештајот на ДСЗИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Родителски надзор врз семејството во кое починаа двете новороденчиња во Прилепско

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Атина за Солун тргна првиот патнички воз, 34 дена по железничката несреќа

Редакција

„Фабрика Карпош“ му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година

Редакција

Обид за убиство во Миравци поради нерасчистени должничко-доверителски односи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница