еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Снимките од масовниот генерален штрајк го обиколија Балканот, Вучиќ си одржа контрамитинг

Вчера илјадници граѓани ги преплавија улиците низ Србија, во која имаше генерален штрајк, по повик на студентите, кои со недели протестираат поради трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, во кој животот го изгубија 15 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Србија денеска ќе застане: На генерален штрајк студенти, уметници, медиуми, адвокати…

Не работеа многу училшта, продавници, кафулиња, ресторани, ноќни клубови…, а подршка дадоа и професори, адвокати, судии, уметници, средношколци….

Снимките од масовната присутност го обиколија Балканот, а неколку часа подоцна Српската напредна партија, партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, си организираше митинг во Јагодина.

Вучиќ повика на формирање широко „народно движење за иднината на Србија“, истакнувајќи дека Србија е „нападната и однадвор и одвнатре“, а протестите и студентски блокади ги осуди како обиди за доаѓање на власт преку „злоупотреба на децата“.

Видео: Фејсбук/cuvarivatre/Lukic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2021: Се што треба да знаете за кинеската вакцина Синовак

Редакција

Какви документи и понуди разменуваат Македонија и Бугарија?

Редакција

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во силен земјотрес на Крит

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница