еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пронајден мобилниот на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој е исчезнат од четвртокот

Потрагата по исчезнатиот Миле Тодоров (28) од Неготино продолжува и денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од четврток е исчезнат младиот Миле Тодоров од Неготино, семејството бара помош

Тој е исчезнат од четвртокот, а последен пат е виден околу 10.30 часот кај селото Марена.

Неговото семејство смета дека тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино. Пред да исчезне дал отказ на работното место.

Неговата сестра и татко за Фокус информираа дека во меѓувреме е пронајден неговиот мобилен телефон покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, во близина на локацијата позната како Три багрема.

Со себе немал лични документи.

Во потрагата по исчезнатото момче се вклучија и граѓани доброволци, како и полицијата.

Семејство бара ангажирање и на Центарот за управување со кризи, специјални единици кои имаат обучени нуркачи и да се донесат повеќе дронови.

Доколку некој го види да пријави во полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шолц не сакал во ЕУ, ама и по прифаќањето на „францускиот предлог„, процесот за влез нема да ни бил лесен

Редакција

Кој е Сарамаков, членот на обезбедувањето на Мицкоски, кој заврши во притвор за одавање службена тајна

Редакција

Недостигот на персонал затвора болници во Романија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница