еМагазин
Image default
Локално

Се „истумба“ Ауди, повредени двајца млади скопјани

Ноќеска на полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ѓ. (19) од Скопје изгубило контрола и се превртелo, информира МВР.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.Ѓ., а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Д. (18) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

Општина Пехчево: Апелираме труењето на кучињата да запре веднаш

Редакција

Штета од околу 180 илјади денари: Опожарен кајакарски клуб во Долна Матка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница